Блогот е преместен на http://tutorialsten.blogspot.com/
Линк до овој пост http://tutorialsten.blogspot.com/2010/09/iso-cddvd.html
Блогот е преместен на http://tutorialsten.blogspot.com/
Линк до овој пост http://tutorialsten.blogspot.com/2010/09/iso-cddvd.html
Блогот е преместен на http://tutorialsten.blogspot.com/
Линк до овој пост http://tutorialsten.blogspot.com/2010/09/torrent-usb.html
Блогот е преместен на http://tutorialsten.blogspot.com/
Линк до овој пост http://tutorialsten.blogspot.com/2010/09/windows.html
Насловот е нејасен? Не, не е. Видете ја само темата што ја отвориле мочковците и се ке ви биде јасно. “Каде ми е смајлито?”
Очигледно е дека искомплексираните деца немаат што да прават со својот живот, па од досада отвораат секакви теми за кои понекогаш им текнува дека се глупи и ги бришат, а понекогаш не. И кога им текнува, им текнува, но касно. Да не ја споменувам темата со песничката за Бадијала. Сватија (малку покасно сватија бидејки нивниот мал мозок работи на 0.01MHz) дека се избрукаа, па ја избришаа. Но очигледно е дека ова уште не го сватиле:
Значи, откако ме банираа на нивниот блог иако како што напишав и таму немав веке намера да коментирам попалени 13-14 годишњаци ке мора да се доискажам на мојов блог. ЈБГ, мој си е. Можам да правам што сакам (некако многу ми е познато ова).
Како прво сакам да прашам зошто сум баниран? Одговорот сигурно ке биде вулгарни коментари. Но што всушност се крие под тој одговор? Се кријат фактите и доказите што ги постирав. Иако има коментари спрема кои моите се мачкина кашлица, сепак им сметаа доказите.
Значи за некој е дозволено да пишува разни куротреси, а за некого не е дозволено да ја пишува вистината. ЈБГ, што можеш кога децата се толку попалени што сами си пишуваат коментари и сами си ги едитираат.
Бараат демократија. Деца, демократија барајте кај Грујо, а не во нечија приватна сопственост.
И овде владее синдромот “моето е најдобро, твоето нечини.”. Иако и тие ги прават истите работи на нивниот блог, сепак дечките “се борат” против тоа.
Врв на се беше последниот пост со интервјуто со Cyber Lord.
Демек тој ти бил нешто како одкај страната на членовите и такви слични срања.
Еве колку е тој од страната на членовите. Зар на еден администратор му доликува да се однесува вака кон членовите? Да им ги менува статусите во “I feel like shit”?
Јас мислам дека не.
И јас самиот бев негова жртва кога во подфорумот Арена зборував во темата што беше отворена против ***ana*** а.к.а Ана.
Веднаш ми дојде закана за казна од нејзиниот ангел чувар а.к.а Cyber Lord. И без разлика на моите прашања (најмалку 10) на што се должеше таа закана, тој само повторуваше да уживам. Како шлаг на се ги избриша и неговите постови со закани во темата кои беа упатени кон мене за да не ги видат неговите колеги, па да превземат некоја мерка.
Еве го и разговорот помегу нас за тоа:
Иако напалените деца не ги заслужуваат и овие 10 минути што ги одвоив за овој пост, сепак нека им биде. Нели тоа е и нивната цел со блогот – да бидат познати. Уживајте.
За крај.
Деца, најдобронамерен совет:
Откако ке ви здосади да бидете celebrity мавнете ја тастатурата, земете фатете се за некоја работа. Бидете корисни за општеството. Заработете некој денар. Доста цицате уште од на мама цицката и од на тато џебот.
* Сите коментари кои ке бидат оставени, а не ми се допагаат ке бидат избришани. ЈБГ, нема демократија.
Блогот е преместен на http://tutorialsten.blogspot.com/
Линк до овој пост http://tutorialsten.blogspot.com/2010/09/rogue.html
Авторот на овој текст не е виновен за евентуално настанатата штета при оверклокирање на вашиот систем.
Откако веке добивме претстава што значи оверклокирање од темата за оверклокирање, (доколку не сте ја прочитале, прво сторете го тоа) време е да почнеме да го користиме тоа.
RivaTuner е светски најпознатиот програм за оверклокирање на графички карти. Со него може да се оверклокираат графички карти и од nVidia и од ATI.
RivaTuner е бесплатен и може да се симне од неговата официјална страна. Моменталната најнова верзија на RivaTuner е верзијата 2.24c.
Во овој туторијал јас ке ја оверклокирам мојата Palit nVidia GeForce 8600GT Super 512 GDDR3. Постапката е иста за сите графички карти.
Користени алатки:
Откако ке ги инсталираме сите овие работи може да почнеме со оверклокирањето.
При инсталирање на разни програми во системот многу од нив се запишуваат во фолдерот за автоматско подигање или во регистрите за автоматски да се вклучуваат со секое вклучување на Windows-от, а не ни требаат.
Тоа доведува до успорено подигање на Windows-то, користење на повеке РАМ меморија, поголема искористеност на процесорот, послаби системски перформанси…
Autoruns е програм кој ке ве ослободи од непотребните програми кои се стартуваат со самото стартување на Windows.
Тој е бесплатен за превземање и откако ке го вклучите ке ви ги покаже детално сите програми што се стартуваат со Windows-от заедно со нивната патека каде се наогаат.
Со негова помош можете да ги избришете и да го ослободите системот од додатно оптеретување.
Сепак, внимателно треба да оддберете кој програми ке ги избришете, за да не избришете некој системски фајл или некој друг важен фајл.
Табот Logon е најсигурниот таб од каде што можете да ги бришете програмите. Па затоа разгледајте го тој таб и слободно избришете го тоа што не ви треба.
Со Autoruns можете да бришете и adware, spyware и други малициозни програми што се подигаат со Windows-от.
Нив можете да ги избришете така што ке ја видите нивната патека каде се сместени, на пример C:\Program files и следејки ја таа патека ке го избришете малициозниот програм.
Внимавајте: Со бришење на програмот од Autoruns не го бришете извршниот .exe фајл на непотребниот програм, туку само го оневозможувате да се стартува со Windows.
За отстранување на малициозни програми како adware, spyware и др. треба да ја видите патеката каде се наогаат и да ги избришете физички од хард дискот.
Авторот на овој текст не е виновен за евентуално настанатата штета при оверклокирање на вашиот систем.
Оверклокирање на некој хардверски дел е процес при кој се зголемува вредноста на работниот такт на тој дел.
Toa се прави за да се извлече максимумот од хардверскиот дел, а воедно и да се обезбедат подобри перформанси на целиот систем.
На пример: на некој процесор со фреквенција од 3Ghz да му се подигне работната фреквенција на 3.3GHz.
Може да се оверклокуваат повеке хардверски делови како процесори, графички карти, рам мемории.
Кај сите тие оверклокирањето се врши со подигнување на фреквенцијата и/или напонот.
Оверклокирањето се врши директно од BIOS-от или со програми за таа намена.
Многу е важно после направеното оверклокирање да се провери дали делот може да го издржи новиот работен такт. Тоа се прави со програми за таа намена како CPU Burn-in – за процесори, FurMark – за графички карти, Video Card Stability Test – за графички карти и други. Доколку хардверскиот дел не може да го издржи новиот работен такт, тогаш се пристапува кон намалување на истиот на вредност која делот може да ја издржи.
Но со подигнување на фреквенцијата и/или напонот правопропорционално се зголемува и работната температура на тој дел. Затоа е потребно и подобро ладење од предходното (доколку тоа е слабо).
Oсвен опасноста од прегревање на оверклокираниот дел постои и опасност од тоа да делот не може да ги поднесе новите сетинзи (доколку се преголеми) и да се расипе.
Исто така многу е важно да се напомане и дека оверклокирањето е за поискусни корисници и не е за почетници.
DOSBox, којшто моментално е актуелен со својата 0.73 верзија, е емулатор на MS-DOS. Сличен е на програмот VirtualBox, но за разлика од него на DOSBox како што кажува и неговото име може да работите само со MS-DOS.
DOSBox работи на тој начин што емулира виртуелен драјв на било која локација на вашиот физички HDD.
На пример, доколку сакате да емулирате драјв во фолдерот D:\Aplikacii, како команда во DOSBox пишувате mount x D:\Aplikacii, каде што х е името на драјвот што сакате да го емулирате. Така ке добиете драјв х што всушност е фолдерот D:\Aplikacii, односно содржината на драјвот х е содржината на фолдерот D:\Aplikacii. Откако ке го направите тоа без проблем ке можете да ги стартувате вашите MS-DOS компатибилни програми.
DOSBox може да емулира: CPU:286/386 realmode/protected мод, Directory FileSystem/XMS/EMS, Tandy/Hercules/CGA/EGA/VGA/VESA графика, a SoundBlaster/Gravis Ultra Sound за звук кој што е компатибилен со постари игри.
Компатибилен е со повекето оперативни системи како Windows, Linux, Fedora, Mac OS X…
Бесплатен е и е достапен за превземање од неговата официјална страна.