Firefox add-они
Сите знаеме дека Фајрфокс е најдобриот интернет прелистувач.
Една од причините што е најдобар се неговите екстензии, или со друго име add-они.
Во продолжение следува листа на екстензиите на Фајрфокс што ги користам и ви ги препорачувам.
- Adblock Plus – Служи за блокирање на досадните реклами на сајтовите.
- All-Glass Firefox – Го прави интерфејсот на Фајрфокс да изгледа како целиот да е од стакло. Ми служи за темата што ја користам. (Работи само на Windows Vista и Windows 7)
- Auto Copy – Одличен додаток кој служи за автоматско копирање на селектираниот текст во Фајрфокс без претискање на Ctrl+C.
- BlockSite – Дололку не сакате некоја страна да биде посетена од вашиот Фајрфокс, ова е вистинскиот додаток за вас. Служи за блокирање на страните кои не сакате некој да ги отвора од вашиот Фајрфокс. Сетинзите на BlockSite можете да ги заштитите со лозинка и така ке бидете сигурни дека никој нема да чепка во нив.
- Gmail Manager – Oдличен додаток за оние кои имаат отворено сметка на најпознатиот сервис за електронска пошта, Gmail. Едноставно, Gmail Manager ве известува кога ке ви пристигне нова порака.
- Personal Menu – Служи за персонализирање на менито по ваша желба во Фајрфокс. Исто така со него можете да додадете копче за рестартирање на Фајрфокс, што е многу корисно.
- Session Manager – Служи за зачувување и менаџирање на сесиите на отворени табови во Фајрфокс за да можете подоцна повторно да ја продолжите сесијата која сакате.
- Stylish – Служи за стилизирање на интерфејсот на Фајрфокс.
- Tab Kit – Одличен додаток кој што служи за менаџирање на табовите.
- Тема:
Firefox 3.7 Mockup Redux 2.5 – Тема за Фајрфокс 3.5хх која го прави да изгледа како идниот Фајрфокс 3.7
За крај, еве како изгледа мојот Фајрфокс 3.5.2 😉
Септември 25, 2009 at 9:22 am
Very nice site!
Ноември 2, 2009 at 7:59 pm
Super sajt
Ноември 18, 2009 at 10:54 pm
zakon nema so,svaka cast