Autoruns

Posted in Корисни програми with tags , , , on Септември 4, 2009 by Raging Demon

При инсталирање на разни програми во системот многу од нив се запишуваат во фолдерот за автоматско подигање или во регистрите за автоматски да се вклучуваат со секое вклучување на Windows-от, а не ни требаат.
Тоа доведува до успорено подигање на Windows-то, користење на повеке РАМ меморија, поголема искористеност на процесорот, послаби системски перформанси…
Autoruns е програм кој ке ве ослободи од непотребните програми кои се стартуваат со самото стартување на Windows.
Тој е бесплатен за превземање и откако ке го вклучите ке ви ги покаже детално сите програми што се стартуваат со Windows-от заедно со нивната патека каде се наогаат.
Со негова помош можете да ги избришете и да го ослободите системот од додатно оптеретување.
Сепак, внимателно треба да оддберете кој програми ке ги избришете, за да не избришете некој системски фајл или некој друг важен фајл.
Табот Logon е најсигурниот таб од каде што можете да ги бришете програмите. Па затоа разгледајте го тој таб и слободно избришете го тоа што не ви треба.

Со Autoruns можете да бришете и adware, spyware и други малициозни програми што се подигаат со Windows-от.
Нив можете да ги избришете така што ке ја видите нивната патека каде се сместени, на пример C:\Program files и следејки ја таа патека ке го избришете малициозниот програм.
Внимавајте: Со бришење на програмот од Autoruns не го бришете извршниот .exe фајл на непотребниот програм, туку само го оневозможувате да се стартува со Windows.
За отстранување на малициозни програми како adware, spyware и др. треба да ја видите патеката каде се наогаат и да ги избришете физички од хард дискот.

Autoruns 9.53

Оверклокирање

Posted in Хардвер with tags , , on Септември 4, 2009 by Raging Demon

Авторот на овој текст не е виновен за евентуално настанатата штета при оверклокирање на вашиот систем.

Оверклокирање на некој хардверски дел е процес при кој се зголемува вредноста на работниот такт на тој дел.
Toa се прави за да се извлече максимумот од хардверскиот дел, а воедно и да се обезбедат подобри перформанси на целиот систем.
На пример: на некој процесор со фреквенција од 3Ghz да му се подигне работната фреквенција на 3.3GHz.
Може да се оверклокуваат повеке хардверски делови како процесори, графички карти, рам мемории.
Кај сите тие оверклокирањето се врши со подигнување на фреквенцијата и/или напонот.
Оверклокирањето се врши директно од BIOS-от или со програми за таа намена.
Многу е важно после направеното оверклокирање да се провери дали делот може да го издржи новиот работен такт. Тоа се прави со програми за таа намена како CPU Burn-in – за процесори, FurMark – за графички карти, Video Card Stability Test – за графички карти и други. Доколку хардверскиот дел не може да го издржи новиот работен такт, тогаш се пристапува кон намалување на истиот на вредност која делот може да ја издржи.

Но со подигнување на фреквенцијата и/или напонот правопропорционално се зголемува и работната температура на тој дел. Затоа е потребно и подобро ладење од предходното (доколку тоа е слабо).
Oсвен опасноста од прегревање на оверклокираниот дел постои и опасност од тоа да делот не може да ги поднесе новите сетинзи (доколку се преголеми) и да се расипе.

Исто така многу е важно да се напомане и дека оверклокирањето е за поискусни корисници и не е за почетници.

DOSBox

Posted in Корисни програми with tags , , , on Септември 2, 2009 by Raging Demon

DOSBox, којшто моментално е актуелен со својата 0.73 верзија, е емулатор на MS-DOS. Сличен е на програмот VirtualBox, но за разлика од него на DOSBox како што кажува и неговото име може да работите само со MS-DOS.
DOSBox работи на тој начин што емулира виртуелен драјв на било која локација на вашиот физички HDD.
На пример, доколку сакате да емулирате драјв во фолдерот D:\Aplikacii, како команда во DOSBox пишувате mount x D:\Aplikacii, каде што х е името на драјвот што сакате да го емулирате. Така ке добиете драјв х што всушност е фолдерот D:\Aplikacii, односно содржината на драјвот х е содржината на фолдерот D:\Aplikacii. Откако ке го направите тоа без проблем ке можете да ги стартувате вашите MS-DOS компатибилни програми.
DOSBox може да емулира: CPU:286/386 realmode/protected мод, Directory FileSystem/XMS/EMS, Tandy/Hercules/CGA/EGA/VGA/VESA графика, a SoundBlaster/Gravis Ultra Sound за звук кој што е компатибилен со постари игри.
Компатибилен е со повекето оперативни системи како Windows, Linux, Fedora, Mac OS X…
Бесплатен е и е достапен за превземање од неговата официјална страна.

DOSBox 0.73

Firefox add-они

Posted in Mozilla Firefox with tags , , , , on Септември 1, 2009 by Raging Demon

Сите знаеме дека Фајрфокс е најдобриот интернет прелистувач.
Една од причините што е најдобар се неговите екстензии, или со друго име add-они.
Во продолжение следува листа на екстензиите на Фајрфокс што ги користам и ви ги препорачувам.

  • Adblock Plus – Служи за блокирање на досадните реклами на сајтовите.
  • All-Glass Firefox – Го прави интерфејсот на Фајрфокс да изгледа како целиот да е од стакло. Ми служи за темата што ја користам. (Работи само на Windows Vista и Windows 7)
  • Auto Copy – Одличен додаток кој служи за автоматско копирање на селектираниот текст во Фајрфокс без претискање на Ctrl+C.
  • BlockSite – Дололку не сакате некоја страна да биде посетена од вашиот Фајрфокс, ова е вистинскиот додаток за вас. Служи за блокирање на страните кои не сакате некој да ги отвора од вашиот Фајрфокс. Сетинзите на BlockSite можете да ги заштитите со лозинка и така ке бидете сигурни дека никој нема да чепка во нив.
  • Gmail Manager – Oдличен додаток за оние кои имаат отворено сметка на најпознатиот сервис за електронска пошта, Gmail. Едноставно, Gmail Manager ве известува кога ке ви пристигне нова порака.
  • Personal Menu – Служи за персонализирање на менито по ваша желба во Фајрфокс. Исто така со него можете да додадете копче за рестартирање на Фајрфокс, што е многу корисно.
  • Session Manager – Служи за зачувување и менаџирање на сесиите на отворени табови во Фајрфокс за да можете подоцна повторно да ја продолжите сесијата која сакате.
  • Stylish – Служи за стилизирање на интерфејсот на Фајрфокс.
  • Tab Kit – Одличен додаток кој што служи за менаџирање на табовите.
  • Тема:
    Firefox 3.7 Mockup Redux 2.5 – Тема за Фајрфокс 3.5хх која го прави да изгледа како идниот Фајрфокс 3.7

За крај, еве како изгледа мојот Фајрфокс 3.5.2 😉

01 Vlatce Firefox 3.5.2