Archive for overclocking

RivaTuner – оверклокирање на графичка карта

Posted in Хардвер with tags , , , , , , , on Септември 5, 2009 by Raging Demon


Авторот на овој текст не е виновен за евентуално настанатата штета при оверклокирање на вашиот систем.

Откако веке добивме претстава што значи оверклокирање од темата за оверклокирање, (доколку не сте ја прочитале, прво сторете го тоа) време е да почнеме да го користиме тоа.
RivaTuner е светски најпознатиот програм за оверклокирање на графички карти. Со него може да се оверклокираат графички карти и од nVidia и од ATI.
RivaTuner е бесплатен и може да се симне од неговата официјална страна. Моменталната најнова верзија на RivaTuner е верзијата 2.24c.

Во овој туторијал јас ке ја оверклокирам мојата Palit nVidia GeForce 8600GT Super 512 GDDR3. Постапката е иста за сите графички карти.
Користени алатки:

Откако ке ги инсталираме сите овие работи може да почнеме со оверклокирањето.

  1. Го отвораме RivaTuner и од секцијата Driver settings кликнуваме на копчето Customize и од пагачкото мени кликнуваме на опцијата System settings.1
  2. Oд новиот прозорец ја штиклираме опцијата Enable driver-level hardware overclocking и од пагачкото мени избираме performance 3D. Tоа ке ни овозможи да почнеме со оверклокирањето.
    2
  3. Oд десната страна на секој од трите слајдери е напишана вредноста на основниот работен такт којшто е зададен од самата фирма на графичката карта. И тоа: првиот слајдер ја покажува вредноста на работниот такт на графичкиот процесор (Core clock), вториот слајдер ја покажува вредноста на работниот такт на шејдерите (Shader clock) и третиот слајдер ја покажува фреквенцијата на работниот такт на меморијата (Memory clock). Фабричките вредности кај мене се 540/1188/700 (Core clock/Shader clock/Memory clock).
  4. Препорачливо е опцијата Link clocks да не биде штиклирана, затоа што така рачно ке можеме да направеме и оверклок на работниот такт на шејдерите, наместо таа автоматски да се менува како што ја менуваме фреквенцијата на јадрото. Но треба да знаеме дека фреквенцијата на шејдерите мора да биде од 2,2 до 2,5 пати поголема од фреквенцијата на графичкото јадро.
    Значи во овој случај кога картичката не е оверклокирана фреквенцијата на шејдерите е 1188, а на јадрото е 540. Според тоа имаме 1188/540=2,2 или 2,2*540=1188.
    Сега зголемете ги вредностите на јадрото за 50, на шејдерите 2,5*фреквенцијата на јадрото и на меморијата за 50 и стиснете на копчето Apply. Откако ке го направите тоа тестирајте ги новите вредности на графичката карта со Video Card Stability Test и со FurMark. Прво со Video Card Stability Test 10 минути, па ако успее потоа и со FurMark 5 минути.
    3
  5. Ако успеат и двата теста повторно зголемете ги вредностите уште за 50 и пак тестирајте. И се така додека не добиете стабилни вредности. (Нормално, после 2 зголемувања, почнете да зголемувате за помалку од 50)
    Со низа од неколку зголемувања и тестови јас успеав да добијам стабилна графичка карта на сетинзи 660/1650/820.
    Откако ке ги добиете стабилните вредности стиснете на копчето Save overclocking profile од секцијата Overclocking profile settings. Напишете некое име за вашиот профил, на пример вредностите што сте ги добиле како кај мене 660/1566/820 и зачувајте го профилот.
  6. Исто така штиклирајте ја и опцијата Apply overclocking at Windows startup за да сетинзите се вчитуваат при секое вклучување на компјутерот. И на крај стиснете на копчето Apply.
    Потоа рестартирајте го компјутерот.4
  7. Тестот да успее значи да не се појавуваат изобличувања на сликата или некои други грешки. На пример јас на поголеми сетинзи од малку погоре наведените добив син екран на смртта (BSOD) со Video Card Stability Test. Доколку се појават грешки, намалете ги фреквенциите и повторно тестирајте се додека не добиете стабилни фреквенции.
  8. Oткако ке ги добиете и ке ги наместите стабилните фреквенции, од секцијата Target adapter на RivaTuner изберете ја последната опција Hardware monitoring.
    5
    Со тоа ке ви се вклучи опцијата за мониторинг на сетинзите и температурата на графичката карта од RivaTuner.
    Откако ке го направите тоа вклучете го програмот FurMark и почнете со тест за стабилност од четириесет минути до еден час, додека RivaTuner ги следи промените на температурата.
    Доколку температурата за тоа време стане превисока (над 90-95 степени) тогаш намалете ги фреквенциите.
    Јас со моите стабилни сетинзи на фреквенциите со тестирање од еден час и десет минути со FurMark на резолуција од 1024×768 добив максимална температура од околу 80 степени, додека минималната при нормална работа ми е околу 48-50 степени.

6

Advertisements

Оверклокирање

Posted in Хардвер with tags , , on Септември 4, 2009 by Raging Demon

Авторот на овој текст не е виновен за евентуално настанатата штета при оверклокирање на вашиот систем.

Оверклокирање на некој хардверски дел е процес при кој се зголемува вредноста на работниот такт на тој дел.
Toa се прави за да се извлече максимумот од хардверскиот дел, а воедно и да се обезбедат подобри перформанси на целиот систем.
На пример: на некој процесор со фреквенција од 3Ghz да му се подигне работната фреквенција на 3.3GHz.
Може да се оверклокуваат повеке хардверски делови како процесори, графички карти, рам мемории.
Кај сите тие оверклокирањето се врши со подигнување на фреквенцијата и/или напонот.
Оверклокирањето се врши директно од BIOS-от или со програми за таа намена.
Многу е важно после направеното оверклокирање да се провери дали делот може да го издржи новиот работен такт. Тоа се прави со програми за таа намена како CPU Burn-in – за процесори, FurMark – за графички карти, Video Card Stability Test – за графички карти и други. Доколку хардверскиот дел не може да го издржи новиот работен такт, тогаш се пристапува кон намалување на истиот на вредност која делот може да ја издржи.

Но со подигнување на фреквенцијата и/или напонот правопропорционално се зголемува и работната температура на тој дел. Затоа е потребно и подобро ладење од предходното (доколку тоа е слабо).
Oсвен опасноста од прегревање на оверклокираниот дел постои и опасност од тоа да делот не може да ги поднесе новите сетинзи (доколку се преголеми) и да се расипе.

Исто така многу е важно да се напомане и дека оверклокирањето е за поискусни корисници и не е за почетници.